Титикака - најголемото езеро во Јужна Америка


Титикака, е најголемото езеро во Јужна Америка и се наоѓа на западниот дел од континентот. Неговото име на јазикот на локалното население значи „оловна карпа“. Тоа е воедно и највисокото езеро во светот, се наоѓа на 3812 метри надморска височина. Долго е 176 km, а широко 56 km во просек (max 75 km, min.5 km).и се протега од југоисточниот дел на Перу па се до западна Боливија. Површината изнесува 8300 km2, а најдлабоката точка се наоѓа на 280 метри и се наоѓа во североисточниот дел на езерото.

Вкупно 25 реки со површина на сливот од околу 58 000 km2 се вливаат во езерото Титикака. На јужната страна од Титикака се наоѓа единствениот одлив од езерото – Десагвадеро.
Титикака има 41 остров, од кои многумина се населени, а најголемиот остров е Исла де Сол, Урос, Тагуили и Амантани. Во околината на езерото може и ден денес да се најдат остатоци од градби од кои некои потекнуваат од времето на Инките.
Езерото е богато со многу видови на риби, а околината на бреговите се користи главно за земјоделство.

loading...

Коментари