За полесна ориентација на Земјата
постојат повеќе коорданитивни системи.
Еден од нив е географскиот координативен
систем. Најзначајни линии на географскиот координативен систем се напоредниците и меридијаните. Главен напоредник е екваторот, кој има вредност 0 и Земјата ја дели на северна и јужна
полутопка. Главен меридијан е Гриничкиот
меридијан, кој е усвоен за почетен и има вредност 0. Тој ја дели Земјата на
источна и западна полутопка. Со помош на напоредниците и меридијаните се
одредуваат географски координати и
тоа географска ширина – фи и географска должина – ламбда со кои се
определува апсолутната положба на точка на Земјината површина.
Географска ширина
Географската ширина (фи) на некоја
точка (место) Т претставува агол што го зафаќа радијусот на Земјата во
соодветната точка со рамнината на екваторот. Како почетен напоредник е
екваторот. Се изразува во степени, минути и секунди (како што се мерат аглите),
а се мери од 00 до 900 на северната и од 00 до 900 на
јужната полутопка. Се обележува со:
-С.Г.Ш. – северна географска ширина
односно
-Ј.Г.Ш. – јужна географска ширина
Географска должина
Географската должина (ламбда) на
некоја точка е агол што го зафаќа рамнината на почетниот меридијан со рамнината
на меридијанот на кој се наоѓа точката. Се изразува во степени, минути и
секунди, а се мери во правецот источно и западно од почетниот меридијан со
вредност од 00 до 1800. Постојат:
-И.Г.Д. – источна географска должина
со позитивен предзнак и
-З.Г.Д. – западна географска должина
со негативен предзнак.
kade se naoga francija
ОдговориИзбриши