Намиб (пространо место) е голема пустина во југозападниот дел на
Африка, која зафаќа површина од околу 81.000 квадратни километри, простирајќи
се на околу 1.600 километри долж Атлантскиот Океан на крајбрежјата на Ангола,
Намибија и Јужна Африка, а широчината од исток-запад варира од 48-161 километри.
Освен што излегува на
море, оваа пустина се смета дека е најстарата во светот.
Нејзината неплодност е
предизвикана од остриот, сув воздух, кој го разладува студената струја Бенгела,
која тече долж брегот. Пустината има помалку од 10 мм дожд на годишно ниво и
речиси е целосно неплодна.
Иако пустината е речиси
ненаселена и непристапна, постојат повремени населби во Сесрием, во близина на
познатитот Сосусвла и големи групи песочни дини, кои со висина до 340 метри, се
најголемите песочни дини во светот.
„Морската пустина“ Намиб
е дом на голем број необични ендемски видови на растенија и животни
(безрбетници, влечуги и цицачи), кои буквално живеат од магла, бидејќи тоа е
единствен извор на вода.
Пустината Намиб е
ставена на листата на УНЕСКО на светското културно наследство во Африка во 2013
година како „единствена приморска пустина во светот, каде на пространите
песочни полиња од дини дејствува магла“.
Извор: a1on.mk/archives/805391
Коментари
Постави коментар