Каде е најголемата делта во Светот?


Делта е голема количина на песок и земја која се таложи на устието на реката, а се формира со носење на материјалот по течението на реката.
Името доаѓа од грчката буква Д, и е во форма на триаголник, бидејќи повеќето реки во светот формираат делта во вид на триаголник.
Делтата на реката Нил во Египет е можеби најпознатата. Но сепак најголемата е во Бангладеш и во источна Индија.
Оваа делта ја формираат две реки, Ганг и Брамапутра. Должината на течението на Ганг е околу 2.500 км низ Индија, а Брамапутра тече околу 2.700 км од Тибет. Двете реки се соединуваат во Бангладеш и се вливаат во Бенгалскиот Залив.
Делтата која ја формираат овеи две реки се простира на површина од околу 75.000 км2!

Коментари