Лесно е да се
земе Месечината „здраво за готово“, дури и на една јасна ноќ кога го осветлува
целото небо. Чуството е како да таа отсекогаш била тука како што е сега, но тоа
не е потполно точно.
Од моментот кога е создадена Месечината таа продолжила да
се оддалечува од Земјата по 3,78 цм годишно, тоа е истата брзина со која нашите
нокти растат. Неколку направени симулации покажуваат дека, на времето на
формирањето, Месечината била многу поблиску до Земјата – само 22.500 км, за
разлика од денес кога има 402.336 км помеѓу Земјата и неа. Без Месечината
нашата Земја ќе ја забави ротацијата се додека не прекине да се врти целосно,
но за ова ќе треба милјарди години, а можно е и да не се случи воопшто. Така на
пример кога Месечината била новоформирана деновите биле долги само 5 часа, но
со ефектот на кочење на Месечината врз Земјата низ последните 4,5 милјарди
години, деновите се забавени на овие 24 часа со кои сме запознаени денес.
Миграцијата на Месечината подалеку од Земјата е воглавно заради ефектот на
плимата на Земјата.
Коментари
Постави коментар