Комети

Комети се посебни темни небесни тела составени од: гасови, прав, метал и камења. Кометите имаат изразена елипсоидна орбита која наизменично ги носи близу до Сонцето и далеку во празниот  простор, често и зад орбитата на Плутон. Револуцијата на кометите може да трае со векови или со милениуми. Како што се приближува до Сонцето, се создаваат огромни опашки кои се протегаат со милиони километри од главата во насока спротивна од Сонцето.

Кај кометите се разликуваат топчеста глава и издолжена опашка. Главата на кометата ја чини јадро со пречник до 10 км, кое е обвиено со маглив дел, наречен кома. Опашката на кометата ја чинат разредени гасовити честички.
Секој пат кога кометата се доближува до Сонцето, губи дел од испарливиот материјал. Затоа, порано или подоцна, таа станува само уште една обична карпа во Сончевиот систем. Од тие причини, од космолошка гледна точка за кометите се вели дека имаат кус живот. Многу научници веруваат дека некои астероиди се поранешни јадра на комети, комети од кои испариле сите испарливи честички.
Најпозната е Халеевата комета, која се појавува на секои 76 години. Последното појавување во близина на Земјата беше во 1986 година. Постојат стари кинески записи за Халеевата комета кои датираат од 240 година пред нашата ера.

Коментари