Планети
Планетите се темни небесни тела, кои кружат околу Сонцето. Тие добиваат светлина и топлина од Сонцето. Во Сончевиот
систем се наоѓаат планетите: Меркур,
Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. На небото се гледаат
како светли точки, кои не трепкаат.
Земјата е трета
планета по оддалеченоста од Сонцето. Таа е единствената планета во Сончевиот
систем на која има живот. На неа има водени и копнени површини. Има разновиден
растителен и животински свет.
Планетите се делат на: внатрешни и надворешни. Внатрешни се: Меркур, Венера, Земја и Марс. Тие се со
мали димензии. Надворешни се: Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун и се со големи
димензии.
Природни сателити
Во Соннчевиот
систем, покрај планетите се наоѓаат и други небесни тела. Такви се: природнте
сателити, астероиди, комети и метеори. Природните сателити се небесни тела, кои
кружат околу планетите по точно определена патека. Некои од планетите имаат, а
некои немаат природни сателити.
Таков природен
сателит е Месечината. Таа кружи
околу Земјата. Природни сателити има и околу другите планети во нашиот Сончев
систем, освен на Меркур и Венера. Големината на природните сателити, во
пречник, може да биде од неколку
километри до неколку илјади километри.
Природни сателити
на Јупитер: Џо (Ио), Европа, Ганимет, Калисто
Коментари
Постави коментар