Месечина и месечеви мени


Месечина

Месечината е природен сателит на Земјата. Месечината е студено и цврсто небесно тело, без вода, воздух и живот. Има топчеста форма со пречник од 3474 км. Зафаќа површина од 38 милиони км2.  Привлечната сила на Месечината е шест пати помала од гравитацијата на Земјата.
Според димензиите спаѓа во мали небесни тела, но, заради тоа што е блиску до Земјата, ја гледаме како големо небесно тело. Средната оддалеченост од Земјата изнесува 384000 км. Патеката на Месечината околу Земјата е елипса. На површината на Месечината се забележуваат темни и светли области, што значи има нерамна (релјефна) површина со присуство на планински венци, долини и кратери.

          Месечеви мени



Месечината, како природен сателит на Земјата, има тројно движење. Таа се врти околу својата замислена оска, околу Земјата и заедно со Земјата околу Сонцето. Движењето на Месечината околу својата оска (ротација) и околу Земјата (револуција) е исто и трае 27 дена, 7 часа 43 минути и 11 секунди. Тоа значи дека денот и годината се еднакви. Поради тоа, Месечината секогаш е свртена со една иста страна спрема Земјата.
Месечината е темно небесно тело што се гледа кога е осветлено од сончевите зраци, кое заради големата оддалеченост на Месечината, паѓаат паралелно. При движењето на Месечината околу Земјата и заедно со Земјата околу Сонцето, Месечината зазема различни положби меѓу Земјата и Сонцето и затоа, ние, од Земјата ја гледаме како осветлен срп, десен полукруг, цел осветлен круг и лев полукруг. Ваквите положби се нарекуваат месечеви мени или фази. Тие може да бидат: млада месечина, прва четвртина, полна месечина и последна четвртина.
Млада месечина е кога Месечината се наоѓа меѓу Сонцето и Земјата, осветлената страна и е откај Сонцето, а од Земјата не се гледа или се гледа само мал дел во вид на срп, кој околу 18 часот, се гледа на запад.
Прва четвртина се појавува по една седмица кога се гледа половина осветлен дел (десен полукруг) од Месечината кој се гледа на југ околу 18 часот.
Полна месечина се појавува, исто така, по една седмица, односно кога Земјата е меѓу Месечината и Сонцето. Тогаш Месечината се појавува како полн круг, кој навечер се гледа на исток, на полноќ е на југ, а наутро е на запад.
Последна четвртина се појавува, исто така, по една седмица, така што видливата страна се намалува и се гледа како полукруг (лев полукруг), кој на полноќ се гледа на исток, а пред изгревање на Сонцето се гледа на југ.

Познавањето на овие законитости овозможува приближно одредување на страните на светот, а со тоа и приближна ориентација на земјиштето.

Коментари

  1. Анониман24. мај 2022. 22:43

    Бев загрижен кога сакав да ја купам мојата куќа со мојот лош кредитен рејтинг. Ми одбија заем од мојата банка и не можев да го добијам. Му објаснив на еден пријател, тој потоа ме запозна со најголемиот човек на сите времиња (г-дин Бенџамин Ли). Му го објаснив мојот проблем испраќајќи му порака на пошта и ми помогна да се реши се во рок од 3 работни дена. Ми даде заем од 3.000.000,00 евра за да ја платам мојата куќа во која исто така го проширував мојот бизнис. Господ нека го благослови! може да аплицирате за брз заем од г-дин Бенџамин Ли кој работи со група инвеститори.. Тој е волшебникот за кој сите зборуваат на интернет.. Контактирајте го преку пошта на 247officedept@gmail.com. WhatsApp број: +1-989-394-3740

    ОдговориИзбриши

Постави коментар