Во Вселената
постојат непознат број небесни тела. Меѓу нив има: ѕвезди, планети, природни сателити и друго. Една од ѕвездите е
нашето Сонце.
Сонце
Сонцето е едно од
помалите ѕвезди. Со својата голема маса и привлечна сила околу собе привлекува
8 планети со нивните сателити. Сите заедно го чинат Сончевиот систем.
Сонцето е ѕвезда, која на
небото се гледа во облик на светол диск. Тоа е голема вжештена, гасовита
топчеста маса, која зрачи светлина и испушта топлина. Има пречник од околу 1
390 000 км. Во центарот има температура од 15 милиони оC, а на површината околу 6 000 оC. До Земјата стигнува мал дел од Сончевата светлина и
Сончевата топлина, кои го овозможуваат животот на растителниот и животинскиот
свет.
На Сонцето се
одвојуваат четири концентрични сфери и тоа: јадро, фотосфера, хромосфера и корона.
Сонцето, како и
другите ѕвезди, е во постојано движење околу центарот на галаксијата. Исто
така, Сонцето се врти околу својата замислена оска, така што точките во близина
на Сончевиот екватор ротираат за 25 дена.
Во однос на
движењето на Земјата, Сонцето има привидно
дневно и годишно движење.
Привидното дневно движење на Сонцето е поврзано со ротацијата на Земјата. Во
текот на денот ни се чини дека Сонцето се движи од истк кон запад и прави еден
полукруг од 180о . Така Сонцето наутро изгрева од исток, напладне во
12 часот се наоѓа највисоко над хоризонтот и ние на северната полутопка го
гледаме на југ, а навечер заоѓа на запад. Патот на Сонцето продолжува и ноќе,
така што се прави цел круг 360о што значи дека секогаш на едната
половина од Земјата е ден, а на другата половина е ноќ.
Најважни небесни
тела на Сончевиот систем, по Сонцето се планетите.
Коментари
Постави коментар