Напоредници и меридијани


Порано утврдивме дека Земјата е небесно тело со топчеста форма. За да може подобро да се разбере распоредот на копното и на океаните и локацијата на разни географски објекти на Земјата, се дефинирани повеќе важни точки и линии. Тие најдобро се гледаат на глобус, кој претставува намален модел на Земјината топка.
Набљудувајќи го голбусот се забележуваат линии во вид на кругови, кои се протегаат во хоризонтална смисла, познати како напоредници и полукругови, кои се протегаат вертикално, познати како меридијани.

Напоредници

Напореници или паралели се замислени, меѓусебе паралелни кружни линии, кои ја обвиткуваат Земјата во правец од запад конисток (во смисла на ротација на Земјата) и опишуваат пол круг од 360 степени. Најголем напоредник е екваторот, кој ја дели Земјата на северна и јужна полутопка. Северно и јужно од екваторот се протегаат останатите напоредници. Нивната големина одејќи од екваторот кон половите, се намалува, така што самите точки претставуваат точки.
На горниот дел од глобусот (Земјата) постои точка позната како Северен Пол, а на долниот дел е точка позната како Јужен Пол. На Земјата може да се повлечат безброј напоредници но во практиката обично се земаат напоредниците меѓу себе оддалечени за по 1 степен. Напоредниците се бројат од екваторот, кој е означен со 00, кон север и кон југ, до половите, кои се обележуваат со 900.

          Меридијани

Меридијани или пладневци се замислени полукружни линии, кои го поврзуваат Северниот и Јужниот Пол. Се протегаат во правец од север кон југ. Меридијаните имаат иста должина и се поставени нормално на екваторот. На Земјата може да се повлечат безброј меридијани, но во практиката обично се земаат меридијани меѓу себе оддалечени за по 1 степен. Според тоа, бидејки екваторот има 3600 се добиваат 360 меридијани. Еден од нив е земен за почетен меридијан и има вредност од 00. Денес, како почетен се зема, Гриничкиот меридијан, кој со 1800 формираат полн круг и Земјата ја дели на источна и западна полутопка. Меридијаните се бројат од Гриничкиот меридијан (усвоен за почетен), кој е означен со 00 кон исток и кон запад до 1800.
Напорениците и меридијаните формираат географска мрежа со чија помош се одредуваат географски координати на места и на точки на Земјината површина.

Коментари