Земјина ротација и последици од Земјината ротација


Сите небески тела постојано се движат во Вселената. Земјата, како небеско тело, исто така, се движи по строго определена патека. Земјата има двојно движење:
-ротација, движење на Земјата околу својата замислена оска и
-револуција, движење на Земјата околу Сонцето.

            Ротација

Ротација се нарекува постојаното вртење на Земјата со иста брзина околу својата замислена оска. За замислена оска се смета линијата што ги поврзува Северниот и Јужниот Пол. Земјата околу својата оска се врти во правецот од запад кон исток. Времето на ротација е 24 часа. Тоа значи секоја точка на Земјата прави еден круг за 24 часа.
Докази дека се движи од запад кон исток е изгревањето на Сонцето од исток, а на нас привидно ни се чини дека Сонцето се движи.
Докази дека Земјата ротира има повеќе и тоа:
-Земјата има испакнат облик на екваторот, а сплесант облик на половите,
-при слободното паѓање телата скршнуваат спрема исток,
-постојаните ветрови, како на пример, Пасатите, кои дуваат од суптропските предели кон екваторот не се со правецот север кон југ, односно југ кон север, туку на сееверната полутопка дуваат од североисток, а на јужната полутопка дуваат од југоисток.

            Последици од Земјината ротација
Последица од Земјината ротација е смена на денот и ноќта. Ден е на половината на Земјата свртена кон Сонцето, а ноќ е на другата половина. Ако не се движи Земјата, тогаш на едната половина ќе биде постојано ден, а на другата постојано ноќ.
Бидејќи Земјата во текот на 24 часа еднаш се свртува околу својата замислена оска, секоја точка на нејзината површина еднаш се наоѓа на осветлената, а вторпат на неосветлената страна. Значи, кога на местата кои се наоќаат на ист меридијан е пладне, на спротивната страна за Земјата е полноќ.



Коментари