ЗЕМЈА нашата планета нашиот дом

 



Земјата е една од осумте планети во Сончевиот систем. Таа е трета планета по одалеченост од Сонцето. Планетата Земја има еден природен сателит, а тоа е Месечина.

 

Вртење на Земјата околу својата оска се нарекува Земјина ротација. Земјата околу својата замислена оска се врти за 23 часа 56 минути.

Вртење на Земјата околу Сонцето е наречена Земјена револуција.

Земјата околу Сонцето се врти за 365 дена и приближно 6 часа. Поради тие 6 часа секоја четврта календарска година е престапна и има 366 дена.

 

Обликот на Земјата многу наликува на елипсоид. Сепак, ова геометриско тело, кое до пред неколку години се користело за интерпретација, не одговара во потполност со обликот на Земјата. Поради тоа елипсоидот во научните истражувања е заменет со новиот, приближен облик  геоид.

 

Ротацијата на Земјата доведува до екваторската испакнатост, така што екваторската должина е за 43 км поголема од половата должина.

 

Земјата зафаќа површина од 510 милиони km2 од кои 71% е вода и 29% е копно.

 

Земјата е единствена планета во Сончевиот систем каде водата се сретнува во трите агрегатни состојби (течна, цврста и гасовита).

 

Земјата има магнетно поле кое, заедно со атмосферата, ја штити од зрачење  (штетно по живите суштества кои ја населуваат Земјата). Атмосферата, исто така служи и како штит за одбивање на помалите метеори,  кои поминувајќи низ неa согоруваат пред да стигнат до Земјината површина.


Коментари