Атмосфера е воздушна обвивка на Земјата. Атмосфера ја штити Земјата од помали метеори така што предизвикува нивно целосно согорување пред тие да стигнат до површината на Земјата. Земјината атмосфера нема точно одредена граница, бидејќи како што поминува времето таа станува се побледа и поретка. Атмосферата ја сочинуваат повеќе слоеви, а се протега на повеќе од 100 км над површината. Нејзе ја сочинуваат: 78% азот, 21% кислород, 0,93 % аргон, 0,03% јаглерод диоксид и мали количини на водена пареа и други гасови.
Слоеви на атмосферата:
• тропосфера (до височина од околу 12 км) е најнискиот и најгустиот дел од атмосферата во кој се одвиваат сите временски појави. Во овој слој температурата опаѓа во зависност од висината. Содржи голема количина на водена пареа.
• стратосфера (до височина од околу 50 км) содржи озон кој не штити од штетните зрачења во вселената. Во пониските слоеви, температурата е постојана, а во повисоките се зголемува.
• мезосфера (до височина од околу 85 км) е слој во кој се случува нагло опаѓање на температурата.
• јоносфера или термосфера (до височина од околу 500 км) содржи јони, наелектризирани честички. Во овој слој на атмосферата, под влијание на Сончевиот ветер, се создава поларна светлина. Температурата се накачува сè до височина од 400 км.
• егзосфера е прелазен простор кон вакумот. Таа е слој со многу разредени гасови и се простира на височина од над 500 км.
Преодните простори помеѓу слоевите на атмосферата се: тропопауза, стратопауза и мезопауза.
Коментари
Постави коментар