Ориентација на површината на Земјата


Местоположбата на некое лице или тело, се определува во однос на стојалиштето, а тоа најлесно и најчесто се постигнува преку определување на страните на светот.

Ориентација со помош на компас
Компасот е составен е од магнетна игла со обоени црвена и бела страна и кутија со подлога каде се обележани главните и споредните страни на светот. Кога ќе се постави на рамна површина по смирувањето на иглата, црвената страна ќе се сврти кон север, а белата кон југ.

Ориентација со помош на карта
На сите видови карти северната страна е горе, а јужната доле. Кога сме свртени со лице кон картата, десно е исток, а лево запад.

Ориентација со помош на глобус
На географскиот глобус, горе од екваторот е север, а долу југ. Десно од главниот меридијан е исток, а лево запад.
  
Ориентација со помош на Сонцето
Сонцето двапати во годината, на 21 март и 23 септември точно излегува на исток и заоѓа на запад.
Сенките што се јавуват кај објектите ја менуваат должината и правецот во текот на денот. Најмала е во 13 часот во правец на север.
Со помош на Сонцето и рачен часовник со стрелки може да се определи јужната страна. Часовникот се става на рамна површина, малата стрелка се усмерува према Сонцето, а големата на бројката 12. Средишниот агол од стрелките ни ја покажува страната југ.

Ориентација со помош на ѕвездата Северница
Ноќно време и при ведро време, најчесто луѓето се ориентираат по ѕвездата Северница. Таа се наоѓа над Северниот пол на Земјата во соѕвездието Мала Мечка која никогаш не ја менува својата положба. Ѕвездата Северница на небото најлесно се одредува со помош на соѕвездието Голема Мечка. Таа се состои од седум јасно видливи ѕвезди. Северницата се наоѓа во правец на двете последни ѕвезди на околу пет пати поголемо растојание од нивната меѓусебна оддалеченост. По нејзиното пронаоѓање истата се материјализира на хоризонтот при што се одредува правецот север, а потоа и останатите страни на светот.

Мовот кај дрвјата
Сончевите зраци никогаш, директно не ја осветлуваат северната страна на дрвјата. Затоа мовот секогаш се јавува на оваа страна.
loading...

Коментари