Венера
е планета чија што орбита најмногу се доближува до Земјата. Често пати ја
гледаме како сјае на западната страна на небото по зајдисонце па затоа е
позната и како ѕвезда Вечерница.
Податоци за Венера
Пречник
на екваторот: 12 илјади километри
Просечно
растојание од Сонцето: 108 милиони километри
Минимално
растојание од Земјата: 42 милиони километри
Се
врти околу оската за: 243 Земјени денови
Го
обиколува Сонцето за: 225 Земјени денови
Површинска
температура: 480 степени
Сателити:
0
Од што е составена Венера?
Венера
речиси е иста по големина со Земјата и веројатно има сличен состав. Има цврста
карпеста кора, но нема големи океани како Земјата. Венера е премногу топла за
да може водата да остане во течна форма. Под кората има обвивка од потешки
карпи а во центарот има метално јадро коешто можеби делумно е течно.
Каква е површината на Венера?
Венера
е покриена со големи рамнини. Има две големи области со возвишенија кои можеме
да си ги замислиме како континенти. Една од тие области се наоќа на север и е
наречена Иштар Тера. Другата е во близина на екваторот и е наречена Афродита
Тера.
Зошто на Венера е жешко?
Просечната
температура на Венера е повеќе од двапати повисока од температурата што може да
ја достигне просечната печка. Тоа е така затоа што нејзината атмосфера е
составена главно од јаглероден диоксид – тежок гас кој ја задржува топлината.
Со текот на времето, присуството на овој гас придонело атмосферата во себе да
заробува се повеќе и повеќе топлина слично како во стакленикот во градината.
Слоевите од облаци, исто така, ја заробуваат топлината па температурата на
површината достигнува до 480 степени.
Коментари
Постави коментар