Мал
и црвен по боја, Марс повеќе наликува на Земјата од која и да било друга
планета. Луѓето некогаш верувале дека на Марс живеат интелигентни суштества, но
вселенските сонди покажале дека на планетата нема ниту Марсовци ниту каков и да
било друг живот. Премногу е студено и атмосферата е премногу ретка за да може
животот да опстане.
Зошто Марс се нарекува „црвена планета“?
Астрономите
велат дека Марс е „црвена планета“ поради неговата боја. Имено, површината на
планетата е црвеникаво-портокалова. Оваа боја доаѓа од железните минерали налик
на `рѓа во површинските карпи и во почвата.
Податоци за Марс
Пречник
на екваторот: 6787 километри
Просечно
растојание од Сонцето: 228 милиони километри
Минимално
растојание од Земјата: 56 милиони километри
Се
врти околу оската за: 24 часа и 37 минути
Кружи
околу Сонцето за: 687 Земјени денови
Температурата
на површината: од минус 110 до 0 степени
Сателити:
2 (Фобос и Демос)
Од што е составен Марс?
Марс
е карпеста планета со сличен состав како и Земјата. Има цврста кора, карпеста
обвивка и железно јадро. Но неговата атмосфера е многу поретка од таа на
Земјата. Главниот гас во атмосферата на Марс е јаглеродниот диоксид. Во
атмосферата има многу малку влага, а на површината нема океани, езера или реки.
Околу половите на планетата влагата замрзнува и ги формира поларните капи од
мраз.
Коментари
Постави коментар